Забава Избор ТОП ВЕСТИ

Групата „Меморија“ со нов сингл „Македонски бисери“, сплет на четири незаборавни македонски песни

Охрид, 25. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Култната македонска група „Меморија“ ја сними новата песна „Македонски бисери“, кој е сплет на четири незаборавни македонски песни.

По идеја на Петар Георгиевски- Камиказа, групата во една песна ги стави „Едно име имаме“ на Јонче Христовски, „За многу години Македонци“ на Димитар Масевски и Васил Пујовски, „Заветна“ на Миле и Ѓорѓи Барбаровски и народната „И ние сме деца на Македонија“.

Аранжманот е на Петар Георгиевски – Камиказа, заедно со Давор Јордановски и Мите Димовски, кои се и продуценти на синглот кој е снимен во студиото „Тра ла ла“.

По пауза од близу 30 години, легендарната македонска група „Меморија“ неодамна се врати со нова песна, одличната „За тебе“.

Двата сингла се дел од новиот албум кој се очекува да излезе на крајот на годината. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука