Забава Избор

SUPER Fresh Music: Maggie Rogers – Don’t Forget Me

Охрид, 9. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Алт-поп уметникот Maggie Rogers го претстави третиот студиски албум „Don’t Forget Me“, збирка на приказни за емоции, соништа и стравови.

Пејачката на слушателите им подари десет нови нумери кои носат поп-рок звук проткаен со приказни од нејзиното секојдневие. Сите песни се создадени минатата зима, а на нив, покрај Maggie, работеа и продуцентите Ian Fitchuk и Shawn Everett.

– Сакав да снимам албум што ќе звучи како неделно попладне – фармерки, возење автомобил, без шминка, но со убаво шише виски, ретро автомобили. Сакав албумот да се слуша со полна пареа за време на соло возење со автомобил. Можеби има пријател до тебе кој е таму кога ти треба, изјави таа за инспирацијата за нејзиното ново издание.

Сега ја чека турнеја, во рамките на која е предвиден и грандиозен солистички концерт во Madison Square Garden во Њујорк на 19-ти октомври.


Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука