Здравје Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Трибина во Охрид: „Аутизмот во Македонија – „лет во место“ или прогрес“

Охрид, 9. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – „Аутизмот во Македонија – „лет во место“ или прогрес“ е насловена трибината што во сабота, 18-ти мај ќе се одржи во Охрид.

Александра Сабрас Апостолова, вработена како дефектолог во Општа болница Охрид во изјава за Супер радио и OhridPress вели дека расте бројката на деца со аутизам, немаме регистар и точна дијагноза, па овие деца се ставаат во друга категорија состојби.

– Од мое искуство, 18 години работам со оваа проблематика, расте бројот на деца со аутизам, немаме регистар, нема точна дијагноза, ги ставаат во друга категорија состојби. Нема систем на поврзаност, овие деца не се рано откриени, дијагностицирани, родителите лутаат низ други институции и потоа се губат и тоа е голем проблем.
Проблем станува и кога ќе одат кај матичните лекари или во училиште, тие деца мора да се вклучат, има асистенти што им се дадени на децата. Треба повеќе реформи во образованието да се направат или посебни програми да се искорсти потенцијалот на тие деца, да не е траума за детето, родителите, семејството, вели Апостолова.

За моменталната состојба со аутизмот во Македонија на трибината ќе говори проф. д-р Владимир Трајкоски, а Валентина Павловска Златановска ќе го сподели искуството и лавиринтите низ кои поминала како родител на дете со аутизам. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука