Забава ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Магазинот „Убавина и Здравје“ на Весна Миленкоска, за хуманата мисија „Зготви и подари“ и’ ја додели наградата за хуманост

Скопје/Охрид, 22. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Женскиот магазин „Убавина и Здравје“ на Весна Миленкоска и ја додели наградата за хуманост за нејзината хумана мисија, наречена „Зготви и подари“.

На битолчанката, која живее и работи во Охрид, наградата и’ беше врачена на манифестацијата, која се одржа во чест на прославата на 16-тиот роденден на овој магазин.

– Додека душа раздавам, некој ме гледал. Честа е моја што вечерва сум ваш гостин. Ви благодарам „Убавина и Здравје“. Среќен роденден, порача Миленкоска.

Желбата за готвење годиниве наназад ја однесе Миленкоска скалило погоре. Таа изработува и леб од кисело тесто, а препознатлива токму и преку хуманата мисија, наречена „Зготви и подари“.

– „Зготви и подари“ се роди како идеја во пандемијата. Со искрена желба и од срце да се помогне некому кој нема или е со мали можности. Така таа идеја го донесе и мојот Инстаграм профил foodjoy_ves , место каде јавно споделувам за моите акции и активности. Секој последен четврток во месецот готвам и подарувам храна на социјално загрозено семејство. Кога ќе договорам семејство, во зависност од нивните потреби објавувам, така споделената информација доаѓа до граѓани кои сакаат да се вкучат со донации. Семејството секогаш останува анонимно за јавноста, изјави своевремено таа за Супер радио и OhridPress. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука