ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Национален ден на Власите, според последниот попис во Охрид живеат 314 Власи

Охрид, 23. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Власите од целиот свет, денеска на 23-ти мај, Националниот ден на Власите, се навраќаат и се сеќааваат на своето славно минато ги слават своите славни историски имиња.

Важат за еден од најстарите народи на Балканот со свој јазик, култура и традиција. На овие простори живеат повеќе од два милениуми, и тоа најмногу во околината на планината Пинд, областа Епир и Тесалија и во источните делови на Албанија. На овој датум Власите биле признати за посебен народ во Отоманското Царство.

Според податоците на Државниот завод за статистика од пописот кој беше спроведен во 2021 година, Охрид има 51.428 жители, 18.368 домаќинства и 33.660 станови, покажаа податоците на Државниот завод за статистика од пописот кој беше спроведен минатата година. Според истите резултати, од вкупниот број жители (51.428), 25.231 се мажи, 26.197 се жени. Во Охрид живеат 40.488 Македонци (19.903 мажи и 20.585 жени), 1.942 Албанци (921 мажи и 1.021 жени), 1.831 Турци (890 мажи и 941 жени) и 232 Роми (100 мажи и 132 жени). Во Охрид живеат и 314 Власи, 281 Срби, 23 Бошњаци, 2.008 лица се заведени како други неспомнати, 13 не се изјасниле, а за 7 било непознато.

Прославувањето на Националниот ден на Власите како празник, претставува симбол за почит кон влашката култура и влашкото малцинство што живее на овие простори.

Влашката заедница, која дава свој придонес во општествениот и културен прогрес во Охрид и Македонија е важен дел од македонското општество. Тие се составен дел од историјата и нераскинлив дел од сегашноста и иднината на градот државата.

Националниот ден на Власите е можност да ја одбележиме и прославиме долгата традиција на соживот и заедништво. Ваквите празници секогаш се повод за заедничка заложба за зацврстување на благосостојбата и просперитетот на градот и државата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука