ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Охрид се сеќава: На денешен ден почина Леонора Чекреџи, Гласот на Охрид

Охрид, 31. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – На денешен ден во 2023 година, на 85-годишна возраст, почина Гласот на Охрид, легендарната спикерка и радио водителка Леонора Чекреџи.

Таа беше најпрепознатливиот глас во Охрид, кој му даваше боја и убавина на радиото.

– Има нешто посебно во магијата на радиото, во можноста да раскажеш приказна, да пренесеш емоција, да создадеш нов свет и да допреш до луѓето само преку звук, кажа во последното интервју кое го даде за Супер радио и OhridPress во мај минатата година.

Важеше за исклучителен професионалец, борец за чистиот македонски јазик и неговата употреба, особено во медиумите.

На предлог на Супер радио, на најпознатиот глас на Охрид, вокалот кој му даваше боја и убавина на градот, Леонора Чекреџи и’ беше доделена Повелбата – Патрон на градот „Св. Климент Охридски“ за 2023 година. Наградата е како признание за нејзината 40 годишна спикерска дејност како и за членувањето во многу културно-уметнички друштва, за што има добиено бројни награди, признанија и плакети. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука