Избор Охрид

Донација од Лајонс клубот „Десарети” за учениците со посебни потреби во ОУ „Братство Единство”

Охрид, 29. декември 2016 (ОХРИДПРЕС) – Лајонс клубот „Десарети” Охрид донираше нагледни средства за учениците со посебни образовни потреби во ОУ „Братство Единство”.

Нагледните средства во голема мера ќе ја олеснат работата со учениците од ранливата категорија и ќе ја зголемат нивната мотивација за работа и учење.

donacijabratstvo2

– Оваа донација е резултат на континуирана соработка со клубот, кој секогаш ја покажува својата хуманост донирајќи во нашето училиште. Изразуваме голема благодарност кон Лајонс клубот „Десарети” и во иднина се надеваме дека нашата саработка ќе се прошири и ќе се реализираат поголеми проекти, се со цел да им се помогне на учениците со посебни образовни потреби, велат од училиштето. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОУ Братство

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука