Избор Спорт

Охрид дел од трките „Beach run“

Охрид, 15. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – На 2-ри јули почнува „Beach run“, серија трки што ќе се одржи на 5 локации покрај вода во Македонија, во Охрид, Скопје, Преспа, Дојран и Маврово.

Настанот ќе трае до 30-ти јули, а во трките може да учествува секој што сака да се натпреварува во трчање на 5 км на една, неколку или на сите предвидени трки од серијата.

– На секоја од трките ќе бидат наградени најбрзите тројца во машка и во женска конкуренција, а сите натпреварувачи кои успешно ја истрчале трката ќе освојат поени според постигнатото место, кои понатаму ќе служат за формирање рејтинг табела и одредување на победникот на серијата. Најдобрите тројца во машка и во женска конкуренција во вкупниот пласман на серијата освојуваат награди, информираат организаторите. (Крај)

извор: Макфакс фото: Макфакс

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука