ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Дождот и снегот го подигнаа нивото на езерото, денес на кота од 693,15 м.н.в (Фото)

Охрид, 30. ноември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Последните врнежи од дожд и снег кои беа поинтензивни во охридскиот регион деновиве, позитивно се одразија на хидролошката состојба на Охридското Езеро, чие ниво деновиве порасна за пет сантиметри.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водата е на кота од 693,15 м.н.в, што е пак за 11 сантиметри под просечното ниво за овој месец (693,26 м.н.в) и пет сантиметри над минимално дозволената кота.

No photo description available.

Температурата на езерската вода, измерена утрово е 10 степени, што е за 2,8 степени пониска од просекот за овој период од годината.

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.Состојбата со нискиот водостој на Охридското Езеро е присутна подолго време, минатата недела три дена беше на минимално дозволената кота, за што од УХМР излегоа со информација дека доколку продолжи трендот на намалување на водостојот, ќе биде нарушено нормалното функционирање на целиот биодиверезитет во него, па предупредија на внимателно следење на состојбата.

И за оваа недела метеоролозите најавија врнежи од дожд и снег, со што дополнително ќе се зголеми нивото на езерото. (Крај)

извор: ОхридПрес/УХМР фото: ОхридПрес/УХМР

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука