ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Во охридските средни училишта ќе може да се запишат 912 полуматуранти

Охрид, 31. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Согласно објавениот конкурс за упис во средните училишта во учебната 2022/2023 година, во четирите средношколски центри во Охрид ќе може да се запишат 912 полуматуранти.

Споредено со другите години, освен за гимназија, каде бројот е ист, во останатите училишта има намалување во бројката на ученици кои ќе бидат примени.

Во Општинското средно училиште „Свети Климент Охридски“ слободни има 272 места за идните средношколци, во гимназиско образование.

Во економското училиште „Свети Кирил и Методиј“ можат да се запишат 127 ученици од кои 93 во економско-правната и трговска струка и 34 во здравствената струка. Нова насока што се воведува од следната година е техничар за е-трговија и дигитален маркетинг.

Ристе Јанкоски е нов директор на СОСУ „Св. Кирил и Методиј” Охрид

Во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ има 277 слободни места, во 10 паралелки, според наставните планови и програми за машинска, електротехничка, сообраќајна струка и лични услуги. Во склоп на машинската струка е воведена насоката заварувач/ конструкциски механичар.

Во ОУТУ „Ванчо Питошески“ во прва година може да се запишат 236 ученици во 8 паралелки и тоа во угостителско- туристичка и хемиско-технолошка струка.
Наставните програми во стручните училишта ќе се реализираат во соработка со повеќе охридски компании во зависност од струката.

Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши во еден уписен рок со три пријавувања во месец јуни. Ќе се врши преку електронско аплицирање, преку линк допорталот за електронски услуги на Министерството за образование и наукаhttps://e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на Schools.mk.

Првото пријавување на учениците ќе се врши на 14-ти јуни до 24:00 часот и на 15-ти јуни до 15:00 часот. Второто пријавување ќе се спроведе на 21-ви јуни до 24:00 часот и на 22-ри јуни до 15:00 часот. Третото пријавување на учениците ќе се врши на 28-ми јуни до 24:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука