ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

In memoriam: Почина поранешниот медиумски работник Пулески Ацо

Охрид, 4. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – На 49-годишна возраст, синоќа во Охрид почина поранешниот медиумски работник Пулески Ацо.

Своевремено Пулески беше дел од екипата на охридското Супер радио, а работеше и во други локални медиуми. Важеше за голем пријател, секогаш насмеан и позитивен човек, во секое време расположен да помогне и да подаде рака.

Посмртните останки на Пулески ќе бидат изложени во капелата на Градските гробишта во Охрид, утре, во периодот од 14:00 до 14:30 часот.

Комплетната екипа на Супер радио до семејството на Пулески изразува најдлабоко сочуство. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука