Забава Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

„Perfect world“ – нова песна на охриѓанецот Александар Петрески (Видео)

Охрид, 26. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – Александар Петрески, музичарот со потекло од Охрид кој живее и работи во Германија, продолжува со снимањето на одлична музика, која се’ повеќе ја препознаваат слушателите ширум светот.

– Време е за нова песна „Perfect world“, овој пат во соработка со продуцентот Farmer and Friends од Луксембург. Продукцијата, текстот и музиката се негово дело, а јас се погрижив за вокалот и видеото. Песната може да се слушне на поголемите стриминг платформи како Spotify, Amazon Music, Apple и Deezer, а видеото може да се види на YouTube, порачува Александар.

Неодамна тој ја објави својата прва авторска песна наречена „Blue lights“, по која следуваше и синглот „Last goodbye“ за кој објави и видео запис, како и авторската песна, за прв пат на македонски јазик „Бакни ме низ солзи“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука