COVID-19 Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

66 нови случаи на Covid-19, во Охрид нема новозаболени лица

Скопје, 24. октомври 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 3 дена (од 21-ви до 23-ти октомври 2022 година), направени се 722 тестови, при што се регистрирани 66 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 47
• Прилеп 7
• Битола 3
• Куманово, Гостивар и Струмица по 2
• Кавадарци, Велес и Македонски Брод по 1

Од вкупниот број на позитивни (66), регистрирани се 25 реинфекции.

Регистрирани сe 66 оздравени пациенти од Скопје.

Во текот на изминатите 3 дена (21-ви до 23-ти октомври 2022 година) не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, не се пријавени починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 2.180.374 тестирање на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.916, бројот на оздравени пациенти е 334.073, на починати е 9.559, а бројот на активни случаи изнесува 284. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука