ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Ристески: Менувањето на водоводната инсталација на потегот од ЕВН до Пожарна останува приоритет за ЈП „Водовод“

Охрид, 28. октомври 2022 (ОХРИДПРЕС) – Промената на водоводната линија на делот од улицата „Македонски просветители“, од ЕВН до Пожарната, останува приоритетен проект за ЈП „Водовод“ од Охрид.

По честите дефекти во месец април, тогаш од јавното претпријатие нé информираа дека тоа им е во приоритет и во финална фаза е проектот за да се промени водоводната линија на овој потег, да се променат азбестните цевки, како би се надминале проблемите со кои многу често се соочуваат жителите од овој дел на градот.

И сега првиот човек на претпријатието Марјан Ристески во изјава за Супер радио и OhridPress вели дека стојат на тоа дека треба да се промени водоводната линија, тоа им е прв приоритет, но не можеше да каже кога тоа ќе се случи.

Нема достапен опис

– Наш основач е општината, се влегува во програма во буџет, за реконструкција на водоводни линии, по добивање на налог од нивна страна и завршување на сите процедури би пристапиле кон решавање. Не можам да кажам точно во кој период би било. Стоиме на тоа дека и таму треба да се промени водоводната линија, се работи за централно градско подрачје и ќе треба да се замени и таа, впрочем и секаде каде има азбестни цевки, меѓутоа можностите се тие, полека ќе гледаме болни точки каде што се да ги замениме со нови цевководи, се работи за азбестни цевки стари над 40 години. Еве овој последниот дефект сега што беше, се работеше за некоја фирма која правеше геолошки истражувања на просторот наспроти Пожарната и го оштетија цевководот со дупчењата што ги правеа, но тоа е санирано, истакна Ристески.

Додава дека има чести дефекти во градската водоводна мрежа, нивните работници се максимално ангажирани, а работат и на нови линии, како и на приклучоци.

Можно е да е слика од 1 лице и надвор

Потенцира дека на местата каде се детектирани најмногу дефекти во интерес им е да се заменат цевководите, бидејќи во споротивно само се генерираат трошоци, како загуба на вода, ангажирање на работна сила.

Можно е да е слика од надвор

Таков е случајот и со делот од улицата „Дејан Војвода“, од пресекот со „Македонски просветители“ до пресек со „Абас Емин“, каде моментално работат екипите на „Водовод“. Само изминатиот викенд на овој потег имало пет дефекти, па сега старата азбестна, се заменува со нова водоводна линија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука