Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на МВР: Пријави за четири лица од Охрид кои вршеле јавен превоз без лиценца

Охрид, 28. октомври 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во Билтенот на МВР се поместени информации за поднесени кривични пријави за четири лица од Охрид кои вршеле јавен превоз без поседување лиценца.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против правно лице од Охрид и И.С.(50) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“. На 03.10.2022 година, на улицата „7-ми Ноември“ во Охрид, пријавениот бил затекнат како со патничко возило „Мерцедес“, сопственост на правното лице, превезува патници без да поседува соодветна лиценца за возилото кое го управува.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против правно лице од Охрид и З.К.(62) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“. На 12.10.2022 година на булевар „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници го затекнале пријавениот како со патничко возило „Рено“ сопственост на правното лице, превезува патници без да поседува соодветна лиценца за наведеното возило.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.С.(65) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“. На 24.08.2022 година на патот Охрид-Струга, полициски службеници го затекнале пријавениот како со патничко возило „Опел“ превезува патници без да поседува соодветна лиценца од надлежен орган.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Т.(61) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“. На 16.08.2022 година на булевар „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници го затекнале пријавениот како со патничко возило „Форд галакси“ превезува патници без да поседува соодветна лиценца за вршење превоз на патници од надлежен орган. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука