ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Охриѓанецот Христијан Пендиков е отпуштен од Воено-медицинската академија во Софија

Софија/Охрид, 6. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Младиот охриѓанец Христијан Пендиков денеска е отпуштен од Воено-медицинската академија (ВМА) во Софија, јави агенцијата БгНес.

Според истиот извор, неговото лекување ќе продолжи во домашни услови.

Пендиков, кој е секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис III“ во Охрид, со бугарскиот владин авион неодамна беше пренесен на лекување во Воено-медицинската академија во Софија. Пред зградата на Европската комисија во Софија се одржа протест за поддршка на Пендиков. Во меѓувреме, на охриѓанецот кој го претепа Христијан Пендиков му беше одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Овој настан се заканува сериозно да ги наруши односите помеѓу двете држави. Лидерот на ГЕРБ и поранешен бугарски премиер, Бојко Борисов по средбата со Габриела Димкова, мајката на Христијан Пендиков ги повика македонските власти – премиерот, министрите за внатрешни и надворешни работи да направат се’ за да ги уапсат и казнат одговорните за тепањето.

– Само така РМ ќе докаже дека е правна држава, нагласи Борисов.

Тој потсети дека „Бугарија најмногу и’ помогнала на РМ, но во Скопје мора да внимаваат „да не ги налутат Бугарите“. (Крај)

извор: ОхридПрес/БгНес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука