Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Лажна е дојавата за бомба во Основниот суд во Охрид, вработените се вратија на работните места

Охрид, 27. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Откако беа спроведени сите потребни проверки, утврдено е дека е лажна дојавата за бомба во Основниот суд во Охрид, по што вработените се вратија на работните места.

Рано утрово, околу 08:00 часот била примена електронска порака од непознато лице со информација дека во објектот била поставена бомба.

Како што OhridPress јави рано утрово, вработените и комплетниот персонал во Основиот суд во Охрид, утрово, нешто после 08:00 часот, беа евакуирани од просториите, откако била примена дојава за поставена бомба.

Екипи на Охридската полиција, Брза помош и Охридската пожарна излегоа веднаш на терен, по што започнаа со закон предвидените активности за вакви случаи.

За жал, ова е само продолжување на анонимните дојави за поставени бомби во средни и основни училишта, но и во институции и трговски центри, претежно во Скопје и Прилеп.

No description available.

No description available.

Денешната дојава за поставена бомба во Охрид доаѓа по онаа од декември минатата година, кога беше пријавена закана за поставена бомба во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука