ЕКОЛОГИЈА Избор Избори 2024 Охрид ТОП ВЕСТИ

Трипуновски: Од 2019-та година до денес не е извршено порибување со охридска пастрмка, тоа сериозно го загрозува рибниот фонд

Охрид, 12. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Охридското Езеро од 2019 година до денес нема извршено порибување на охридска пастрмка. Контролата и заштитата на езерото практично и да не се спроведува, а од друга страна немаме ни концесионер ниту за рекреативен ниту за стопански риболов, порача денеска од Охрид дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.

Тој во Охрид оствари средби со Здружение на ловци „Охрид“ и Здружение на риболовци „Свети Апостол Петар“ и потсети за еден телефонски разговор кој излезе во јавноста каде што практично се правеше нарачка како да се остави Охридското Езеро на милост и немилост на сите рибокрадци и на нелегален риболов.

– Познатиот бренд охридска пастрмка се помалку го има затоа што државата изминативе не води никаква грижа. Она што го ветивме пред рибарите е дека по 8-ми мај, по завршувањето на изборниот процес и формирањето на новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ даваме сериозен фокус во заштитата и обновата на овој рибен фонд, односно управувањето со езерото да биде согласно законската регулатива, заврши Трипуновски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука