Избор Избори 2024 Охрид ТОП ВЕСТИ

Носителот на ИЕ5 на СДСМ Јован Митрески и кандидатите за пратеници од Охрид во посета на фабриката „Братство Инокс“

Охрид, 20. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Носителот на кандидатската листа за пратеници во ИЕ5, Јован Митрески, заедно со нашите кандидати за пратеници Жаклина Лазаревска, Леонора Новеска, Софија Ристеска и Јован Крлев, денес ја посетија фабриката „Братство Инокс“ во Охрид.

– СДСМ вложуваше и ќе вложува и поддржува развој на бизниси и капитални инвестиции. Правиме и консултации во смисла на тоа што им е најпотребно во моментов на фирмите, а зборувавме денес и за поддршката за обновливи извори на енергија кои им значат дополнителна помош во производството, односно намалување на трошоците во производството. Од „Братство Инокс” потенцираа дека поставувањето на фотоволтаици им помага во производстсвото и посебно им помогна во време на големата енергетска криза, затоа што цената на енергијата на светскиот пазар тогаш беше огромна, 800 евра за мегават, а со такво производство, со обновливи извори на енергија тие ја обезбедуваа за 70-80 евра за мегават, што е некаде за 10 пати пониска, рече Митрески. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука