Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

ЦУК: Од 12:00 до 16:00 часот ќе се врши минирање на терен на автопатот во изградба A2 Кичево-Охрид

Охрид, 23. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во реон на автопатот A2 Кичево-Охрид, што е во изградба, во период од 12:00 до 16:00 часот ќе се врши минирање на теренот.

– Ако се слушнат силни детонации, граѓаните да не се вознемируваат, ќе се извршат минирања на теренот во повеќе наврати, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Од Регионалниот ЦУК Охрид информираат дека охридските пожарникари, вчера од 13:05 до 14:00 часот, со тројца пожарникари и едно противпожарно возило гаснеле запален оџак на улицата „8-ми Септември“.

Од ЦУК апелираат оџаците да се чистат поредовно. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука