ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Охриѓанецот Леонид Тодороски дел од македонската екипа на годинешната Балканска Олимпијада по математика

Охрид, 23. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓанецот Леонид Тодороски ќе биде дел од македонската екипа на годинешното издание на Балканската Олимпијада по математика.

Покрај Леонид, во екипата се и Дамјан Давков, Алексиј Тасиќ, Јан Стојановски, Никола Цветаноски и охриѓанката Емилија Николовска.

Талентираниот охриѓанец неодамна со максимален број бодови – 100, го освои првото место и на државниот натпревар по физика. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука