Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Денеска се отвора групна изложба на дела од меѓународни уметници, инспирирани од Охридското Езеро и неговите жители

Охрид, 25. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Галеријата при Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, од денеска, четврток, 25-ти до сабота, 27-ми април 2024 година ќе биде поставена групна изложба на дела од осуммина меѓународни уметници, инспирирани од Охридското Езеро и неговите жители.

Осуммина меѓународни уметници престојуваа во Охрид во април 2024 година како дел од проектот „Проспер“: ПРОтотип за одржливи резиденции на ПЕРиферии. За време на престојот тие се сплотија со околината и остварија интеракција со природата и со урбаното опкружување околу езерото.

– Идејата на резиденцијата беше да се инспирираат уметниците да пронајдат врски помеѓу нивната авторска практика и кревката околина на Охридското Езеро и неговите жители. Уметниците кои беа дел од резиденцијата се изразија преку создавање: фотографии, скулптури, композиции, поеми и интервенции на пронајдени предмети. Траги од нивното креативно истражување се изложени во рамките на групната изложба, информираат организаторите.

На изложбата може да се видат делата на Yara Asmar, Claudio Beorchia, Julia Eichler, Qafar Rzayev, како и перформативно поетско чи- тање на Kata Győrfi во определен термин. Делови од програмата се случуваат и на самото езеро и во неговата околина. Муралите на Марија Видовиќ може да се видат на повеќе локации во Охрид, а медитативното звучно доживување на вода на The New Liquidity Anders Ehlin и Selma Boskailo се случува на езерото. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука