ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Се зборува на Facebook: „Како за Бајрам, така и за Велигден“: Во недела бесплатно шишање за сите деца во бербер шоп „Шогун“

Охрид, 25. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Информацијата за познатиот охридски бербер Неат Алим- Шогун и неговиот гест за поврзување на сограѓаните наречен „Како за Бајрам, така и за Велигден“ е помеѓу најкоментираните на нашиот Facebook профилот на OhridPress.

„Како за Бајрам, така и за Велигден“, порача познатиот охридски бербер Неат Алим- Шогун, чија работа и однос кон сограѓаните е само уште една потврда дека на овие простори живеат луѓе со големи срца, кои никогаш наназад низ историјата не гледале на верата, бојата на кожата и дали некој имал или немал повеќе или помалку од нас.

– Почитувани мои Охриѓани, се ближит големиот Православен празник-Велигден. Одлучивме заедно со берберот Емин Алим од Barber shop Shogun, во недела, на 28-ми април 2024 година, во нашата берберница „Шогун“ да посветиме еден ден за сите деца од православна вероисповед за кои шишањето ќе е бесплатно. Деца ве очекуваме, порача Бербер Шогун.


Читателите на OhridPress безрезервно ја поддржуваат акцијата и го поздравуваат потегот. Потенцираат дека со вакви, навидум мали чекори, се прави најмногу за соживотот. „Така кај нас се живеело взаемно одсекогаш,со комшии и пријатели независно од националноста и верата браво“ – порачува една читателка во коментарите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука