Избор Избори 2024 Охрид ТОП ВЕСТИ

На полноќ започнува изборниот молк за Претседателските и Парламентарните избори

Скопје, 6. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги известува радиодифузерите дека од вечерва на полноќ започнува изборниот молк за Претседателските и Парламентарните избори, кој трае до 19:00 часот на 8-ми мај 2024 година.

За време на молкот, медиумите продолжуваат да известуваат за изборниот процес, но престануваат сите облици на изборно медиумско претставување, на учесниците во изборната кампања.

Според Изборниот законик, за прекршување на изборниот молк се смета емитувањето какви било информации, фотографии, аудио и аудиовизуелни материјали поврзани со или во кои учествуваат учесници во изборите, какви било облици на медиумско известување кои се отворено или прикриено во функција на нечија кампања и можат да влијаат врз одлуката на избирачите, податоци со кои се открива идентитетот на политички субјекти и/или поединци вклучени во инциденти или неправилности на денот на гласањето; како и изјави од кандидати во изборниот процес, од претставници на политички партии и од носители на функции во органите на власта. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука