Избор Македонија ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Од понеделник почнува пролетниот распуст за учениците

Охрид, 26. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Учениците од основните и средните училишта, од понеделник, 29-ти април до 6-ти мај ќе бидат на пролетен распуст.

Оваа година покрај воведувањето на пролетен распуст има промена и во календарот за настава за основците, така што учебната година за нив ќе заврши на 17- јуни, додека средношколците завршуваат на 10-ти јуни.

Од Министерството за образование и наука (МОН), информираа дека училиштата нема да работат на 8-ми мај (среда) поради одржување на парламентарните и вториот круг од претседателските избори. Ден претходно, на 7-ми мај скратени часови и работно време до 11:00 часот ќе има во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес, односно каде се лоцирани гласачки места.

Наставата од двата дена кои поради изборите се неработни (24-ти април и 8-ми мај) ќе бидат одработени во работни денови со подолг престој на учениците во училиштата, во рамки на шестчасовното работно време на наставниците. Скопските ученици треба да надоместат и за пропуштеното од наставата на 30-ти ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука