Забава Избор

SUPER Fresh Music: Baby Queen – Ride Or Die

Охрид, 8. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Алт-поп ѕвездата во подем Baby Queen го претстави новиот и заводлив сингл „Ride Or Die“, кој е едноставно совршен за летните ноќи и сонувањето за нова љубов.

Врвна мешавина од трап и R&B тонови, проткаена со сензуални вокали кои раскажуваат приказна за интензивна хемија помеѓу двајца луѓе.

Со овој сингл уметникот го означи почетокот на новата ера по успешниот албум „Quarter Life Crisis“ од 2023 година, кој се искачи високо на Британските топ листи. Песната е создадена во исто време со деби албумот на пејачката „The Yearbook“ објавен во 2021 година по серијата успешни синглови кои таа ги објави за време на пандемијата.

Бидејќи почувствувала дека песната „Ride or Die“ не одговара на таа атмосфера, ја зачувала за вистинскиот момент.


Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука