Забава Избор

Браво бенд снимија нова песна, „Љубав преко мреже“

Охрид, 8. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Нашите Браво бенд со „Љубав преко мреже“, новата песна снимена на српски јазик, сакаат да го прошират кругот на конзументи на нивната музика на пазарот во Србија.

Песната ја потпишуваат фронтменот на „Тропико бенд“, Александар Цветковиќ, а текстот е на Драган Брајовиќ- Браја. За песната е снимен и спот со кадри снимени на Преспанското Езеро.

Приказната во спотот ја следи самата нумера и зрачи со позитивна енергија како и песната која претендира да стане летен хит.

– Се вели случајните работи се најубави, така беше и со оваа соработка со Сале и Браја. Од разговор по еден настап со Сале од Тропико се изродија неколку песни. Две веќе слушнавте, вели Кире Денов, вокалот на „Браво бенд“.

Тој додава дека нема да застанат тука, но и нема да се ограничат само на снимање песни на српски јазик. Наскоро, вели, излегува песна на македонски јазик, а во подготовка е и убав сплет со кавери.

Да се надеваме дека ќе добиеме македонска верзија и од оваа песна, затоа што најубавите песни звучат најубаво на најубавиот јазик. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука