ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија ТОП ВЕСТИ

Да не се заборави: Девет години од немилите настани во кумановско Диво Насеље

Куманово, 9. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Денес се навршуваат девет години од немилите настани во кумановско Диво Насеље во кои загинаа припадници на безбедносните сили на Република Македонија.

Во антитерористичката акција на македонската полиција која започна рано утрината во 04:30 часот во саботата на 9-ти мај и траеше непрекинато 28 часа, сè до 10:00 часот во неделата на 10-ти мај, осуммина македонски херои го положија својот живот во одбрана на татковината:

– Жарко Кузмановски (роден 1981 година), од селото Брвеница, Тетово,
– Ненад Серафимовски (роден 1987 година), од селото Зубовце, Гостивар,
– Сашо Самојловски (роден 1982 година), од селото Брвеница, Тетово,
– Бобан Ивановиќ (роден 1968 година), од селото Стајковци, Скопје,
– Горан Илијевски (роден 1974 година), од Гостивар
– Исамедин Османи (роден 1983 година), од селото Студеничани, Скопје,
– Љубиша Аранѓеловиќ (роден 1966 година), од Скопје и
– Горан Стојменовиќ (роден 1970 година), од Миладиновци, Скопје.

Дупки од куршуми, урнати ѕидови и простории што зјаат празни, немо сведочеа за она што се случуваше кај урнатините, утрото во 05:00 часот, кобниот 9-ти мај 2015 година.

Некои од осудените за настаните од Диво Насеље имаат косовски државјанства. Од 29 осудени, седуммина се со казни доживотен затвор, 13 казни затвор од 40 години и други пониски казни.

Повеќе за овие настани од обемното истражување на БИРН, објавени на порталот призма.мк. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука