Забава Избор

SUPER Fresh Music: Mabel – Vitamins

Охрид, 21. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Британската R&B и pop уметничка Mabel го претстави новиот и сензуален сингл „Vitamins“, приказна за грижата за саканата личност и нежноста што тешките времиња ги прави подобри.

Со новата песна музичарката се враќа на своите R&B корени со кои ја започна кариерата, а во преден план се нејзиниот раскошен вокал и нежната емоција.

– Ова е омилената песна на моето семејство и пријателите кога ќе се собере целата моја дискографија. Синглот е потсетник за човекот кој го сакам да се грижи за себе, но и дека ќе бидам покрај него во тешките денови. Оваа песна ја посветувам и на вујко ми кој почина додека сè уште работев на неа. Беше и музичар и секогаш храбро ме водеше низ овој пат и ме охрабруваше да бидам храбра кога пишувам музика, изјави Mabel за инспирацијата за синглот.

Таа има освоено бројни признанија, особено BRIT наградата за женска соло изведба.

Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука