Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Млад Албанец се обидел да влезе во Македонија на преминот „Св. Наум“ со „Порше панамера“, пријавено за украдено во Норвешка

Охрид, 25. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 24-ти август 2024 година, во 23:00 часот, на Граничниот премин „Св. Наум“, на влез во Република Македонија се пријавило 29-годишно лице од Република Албанија кој дошол со патничко моторно возило „Порше панамера“ со албански национални ознаки.

– По извршени гранични проверки, констатирано е дека возилото е пријавено за украдено во Норвешка и постои во базата во Интерпол. Возилото е одземено, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука