Здравје Избор ТОП ВЕСТИ

Здравје: Еден вид месо го зголемува ризикот од дијабетес тип 2

Охрид, 18. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Научниците од Универзитетот Харвард излегоа со предупредување за зачестена исхрана со црвено месо и ја повикаа јавноста да го намали користењето на оваа намирница.

Тим американски експерти анализирале податоци од повеќе од 200.000 учесници во текот на 36 години, за да откријат како влијае оваа храна на нашето здравје.

Хем-железото е форма која најлесно се апсорбира во човечкото тело и се наоѓа во различни видови месо, вклучувајќи говедско, јагнешко и некои видови риби. Научниците открија врска помеѓу овој тип на железо и појавата на дијабетес тип 2.

– Оваа студија ја нагласува важноста од изборот на здрава исхрана во превенцијата на дијабетесот. Намалувањето на внесот на хем-железо, особено од црвеното месо. Диета базирана на растителна основа може да биде ефективна стратегија за намалување на ризикот од оваа состојба, вели еден од авторите на студијата, епидемиологот и истражувач Frank Hu.

Резултатите од студијата на Харвард откриле дека лицата кои консумирале најмногу хем-железо имале 26 отсто поголем ризик да развијат дијабетес тип 2 од оние кои консумирале најмалку.

Сепак, научниците сугерираат дека можеме да го ублажиме овој ризик со замена на црвеното месо со храна на растителна основа. (Крај)

извор: index.hr фото: index.hr

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука