Охрид, 25. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на вчерашниот ден беше реактивиран пожарот на планината Галичица, од страната на Ресен, кон селото Стење, информира за дневникот на МРТВ Горан Стојаноски од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
– Станува збор за догорување на дел од трупците кои беа зафатени со првиот пожар. Се испостави дека беше направена дополнителна штета на се запали одреден дел на кој требаше да се интервенира. Уште вчера побаравме на овој потег да се упатат ренџерите од Националниот парк „Галичица“, како и членови од Спасителната служба на охридскиот Црвен крст. Тие пристапија кон гаснење, а ние бевме подготвени да им помогнеме и со воздухопловна поддршка, доколку тие оценат дека е тоа потребно. Пожарот беше саниран во текот на вечерните часови. Од рано утрово е испратена екипа на дополнителен увид, и ако има повторно разгорување на пожарот, комплетно ќе се заврши тој процес, вели Стојаноски.
Тој напоменува дека во моментов состојбата на Галичица е стабилна. (Крај)
извор: МРТВ фото: ОхридПрес