Охрид, 20. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Facebook групата Охрид, слики од минатото, објавена е уште една прекрасна фотографија од Охрид од подалечното минато.
– Охрид во февруари 1958 година. На сликата лево е татко ми со еден другар, напиша во објавата, членката на групата Biljana Hoffmann.
Членови на групата во коментарите појаснуваат дека за полесна ориентација, зградана позади е инернатот на Средното угостителско училиште.
Уште една прекрасна фотографија од далечното минато која е вистинска „временска машина“ и не враќа во едно многу убаво време. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Охрид, слики од минатото
Прочитано: 188