ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Пожарите во Македонија во моментов на мапата на NASA FIRMS, дел и во околината на Охрид

Скопје/Охрид, 3. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Системот за информации за пожари и управување со ресурсите (Fire Information for Resource Management System – FIRMS) редовно ги објавува најновите податоци за пожарите ширум светот, скоро во реално време (NRT).

Екипата на OhridPress ја објавува најновата мапа на овој систем за пожарите во Република Македонија во моментов. Дел од нив, според истиот извор се во пошироката околина на Охрид.

Информациите се обезбедени преку системите за фотографирање (MODIS) на сателитите Aqua и Terra. На глобално ниво, овие податоци се достапни во рок од 3 часа по сателитското набљудување, но за САД и Канада, активните податоци се достапни во реално време.

NASA FIRMS користи сателитски набљудувања од системите MODIS и VIIRS за откривање активни пожари и термички аномалии ширум светот и ги доставува овие информации до носителите на одлуки. FIRMS првично беше развиен од Универзитетот во Мериленд.

Пожар во Македонија, се шири кон две села - 24info.mk

Во текот на вчерашниот ден, петок, 2-ри август 2024 година, регистрирани се вкупно 40 пожари на отворен простор, од кои во моментов се активни 9, 5 се ставени под контрола и 26 се изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

– Во поширокиот регион на Охрид, активни се пожарите на Илинска Планина и на потегот кај селата Косел-Волино-Опеница, информираат од ЦУК.

Охрид го дочека утрото по големиот празник Илинден со видливо зголемена количина на чад во воздухот.

По пожарите кои се активни на територија на Општина Охрид синоќа состанок одржа и Штабот за заштита и спасување при Општина Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива/FIRMS

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука