Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Финално одбројување: Уште пет дена до пуштањето во употреба делот на автопатот од Требеништа до Охрид

Охрид, 5. октомври 2022 (ОХРИДПРЕС) – Според последните најави од директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми, остануваат уште пет дена до пуштањето во употреба на автопатскиот дел од Требеништа до Охрид.

– Јас можам да тврдам дека овој регионален пат, очекуваме и убеден сум дека за 15 месеци ќе биде целосно рехабилитиран. Во моментов, според проектот и според рокот и според она што го зборуваме со надзорот на работите, ние сме убедени дека за 15 месеци ќе биде завршен овој проект. Ако одиме сега таму ќе се види дека се работи на целата таа траса, тие административни проблеми кои ги имавме, веќе ги решивме и следниот понеделник ќе биде пуштен во употреба делот од Требеништа до Охрид, истакна неодамна Рустеми.

Тој вели дека причина за доцнењето на автопатот биле временските прилики, кои не оделе во прилог, на работите на терен, но во изминатите неколку години, како се гради автопатот Охрид-Кичево, секогаш се ветуваше дека со подобрување на временските прилики ќе се засилат и градежните активности, но патот се гради веќе осум години.

– Јас зборувам за овој период, откако сум јас директор на јавното претпријатие, од декември 2020 година, кога 76 инфраструктурни проекти не беа поминати во министерството за транспорт и врски. Успеавме да имаме сега 66 поминати инфраструктурни проекти на кои е извршена 83% експропријација, со што ја ослободивме целата траса Кичево-Охрид. Ние ќе инсистираме и ние се залагаме, да заврши до 2023 година, рече директорот Рустеми, кој неодамна изјави дека не е покрената кривична пријава за погрешното проектирање на автопатот Кичево-Охрид и дека се работело интензивно на целата траса од Кичево до Охрид и била воведена и втора смена.

Автопатот Кичево-Охрид почна да се гради во 2014 година. Првично требаше да биде готов во 2018 година, потоа рокот се помести до јуни 2021 година, па сега до крај на 2023 година. Требаше да чини 378 милиони евра, но сумата стана двојно повисока. (Крај)

извор: Алсат М фото: архива

Повеќе за автопатот од Рустеми:

Рустеми: Шеф ми е Али Ахмети, не е покрената кривична пријава за погрешното проектирање на автопатот Кичево-Охрид

За автопатот и од министерот за транспорт и врски Благој Бочварски:

Бочварски: Наредните пет години ќе биде завршен не само автопатот Скопје-Охрид, туку целиот Коридор 8

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука