COVID-19 Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид Струга ТОП ВЕСТИ

37 нови случаи на Covid-19, едно новозаболено и две оздравени лица од Охрид

Скопје, 26. октомври 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа, направени се 649 тестови, при што се регистрирани 37 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 27
• Штип 2
• Куманово, Битола, Прилеп, Охрид, Струмица, Делчево, Берово и Кратово по 1

Од вкупниот број на позитивни (37), регистрирани се 11 реинфекции.

Регистрирани сe 33 оздравени пациенти од:

• Скопје 25
• Прилеп и Кавадарци по 3
• Охрид 2
Во текот на изминатите 24 часа, нема регистрирани починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, нема регистрирани починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 2.181.271 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.964, бројот на оздравени пациенти е 334.162, на починати е 9.561, а бројот на активни случаи изнесува 241. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука