ЕКОЛОГИЈА Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Нивото на Охридското Езеро се доближува до природната кота, денес е на 693,19 м.н.в

Охрид, 1. ноември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Водостојот на Охридското Езеро се доближува до природната кота.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водата е на кота од 693,19 м.н.в, што е за 7 сантиметри под просекот за ноември (693,26 м.н.в), 2 над природната кота (693,17 м.н.в), односно само 9 сантиметри над дозволениот минимум (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода е 16 степени, пониска за нецел степен од месечниот просек.

Можно е да е слика од текст кој вели „МИНИСТЕРСТВО ЗЕМОДЕЛСТВО. ШУМАРСТВО ВОДОСТОПАНСТВО Управа хидрометворолошки работи- (споредба Табела ДНЕВНА ХИДРОЛОШКА ИНФОРМАЦИА E3EPA наредниот претходниот ден Зодостои прикажани очекувана СТАНИЦА· 01.11.2022 cm измерени влиВ 07:30 часот 01.11.22 Вардар 02.11.22 Просек BB 104 Ноември 85 86 106 18 Пчина К.ПАЛАНКА 5B 18 Бабуна 94 133 21 21 47 10 12 .СЕЛО 81 4D 34 Дрим 21 47 34 20 116 20 81 81 74 74 57 = 21 НДОГРАН- Дожрам 98 = 07:30 6 146.51 нд ОХРИД- 146.50 H 693.19 144.12 693.19 843.75 часот Ез.Охрид 693.26 нд Проверил: Одобрил: BC ДИРЕКтОР, м-р Ивица правото кадпор понаталошна бработка корекцита промената подостаот,“

Трендот на пад на езерското ниво продолжи во текот на минатиот месец, а во приобалниот дел сé поголеми се сувите делови.

Нема достапен опис

Во Охрид денес сончево и релативно топло време со слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе се искачи до 21. степени.

– До четврток ќе се задржи претежно сончево и релативно топло време. По одделни котлини ќе има услови за појава на слаба утринска магла. Во петок облачноста ќе се зголеми, а за време на викендот ќе преовладува претежно облачно, врнежливо и значително посвежо време, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука