Избор Македонија ОБРАЗОВАНИЕ ТОП ВЕСТИ

МОН: Одлуката за пониска цена на струјата за училиштата значи обезбедување континуитет на наставата со физичко присуство

Скопје, 4. ноември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Владината мерка за снабдување на училиштата со електрична енергија по субвенционирана цена од 95 евра за мегават/час е голема поддршка за непречено организирање на наставата во форма која е од најголем интерес за учениците – со физичко присуство во училниците, велат од министерството за образование и наука.

Вкупно 366 основни општински училишта и 109 јавни средни училишта добиваат поддршка од државата заради непречена работа и реализација на мисијата заради која и постојат – едукација на младите.

– Во услови на прогласена кризна состојба, со склучување на договор за снабдување со електрична енергија со ЕСМ Продажба, тие ќе создаваат значително помали расходи во општинските и државниот буџет, со што, се зголемува сигурноста дека воспитно – образовниот процес во училиштата ќе продолжи да се реализира непречено до крајот на годината, додаваат од министерството.

Во меѓувреме, уште еднаш апелираат сите образовни институции и установи доследно да ги почитуваат владините препораки за рационално користење на електричната енергија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука