Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

Лидерите на парламентарните партии на средба во Собранието

Скопје, 7. ноември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Денес на покана на премиерот Димитар Ковачевски ќе се одржи лидерска средба на претседателите на парламентарните партии.

– На средбата, која ќе се одржи во Кристалната сала во Собранието, ќе се обрати премиерот Димитар Ковачевски по што ќе се отвори дискусија меѓу претседателите на парламентарните политички партии, за европската иднина на Република Македонија, како и за одлуките кои во наредниот период треба да се донесат во Собранието со широк политички и општествен консензус, соопштија од владината прес-служба.

Ковачевски во саботата изјави дека лидерската средба ја свикал со цел сите политички партии кои се застапени во парламентот заедно да разговараат за европската иднина на државата и за сите одлуки коишто треба да бидат донесени. (Крај)

извор: Макфакс фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука