Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Детската градинка „Јасна Ристеска“ го слави патрониот празник

Охрид, 7. ноември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Детската градинка „Јасна Ристеска“ денес одбележува 59 години од своето постоење, а воедно и патрониот празник.

Во изминативе години во претшколската установа биле згрижени и израснале голем број деца.

Нема опис за фотографијата.

Делегација на градинката положи свежо цвеќе пред бистата Јасна Ристеска во охридското село Рамне, а дел од најмладите изведоа и две стихотворби.

Свечената приредба по повод патронатот ќе се одржи денеска од 17:00 часот во спортската сала „Билјанини извори“.

Инаку, младата партизанка Јасна Ристеска, чие име го носи градинката пред 78 години била меѓу борците кои се бореле и ги положиле своите животи за слободен Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука