Забава Избор

Leonidas Lypiridis Dj STK во сабота, на 10-ти јуни во клуб Rebel

Охрид, 6. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Забавата овој викенд во Охрид продолжува со настапот на Leonidas Lypiridis или Dj STK во сабота, на 10-ти јуни 2023 година во клуб Rebel.

Dj STK е роден во Русија, а моментално живее во Грција, каде веќе 7 години е резидент во најголемиот ноќен клуб во Северна Грција – Ahoy Club на Халкидики. Тој е резидент и во Papua Beach Bar, најпопуларниот Beach bar на Халкидики, a интересно е и тоа што тој е официјален Dj на фудбалскиот клуб ПАОК. Добро познат е и по лудите журки што ги прави како ретко кој друг Dj во северниот дел на Грција. Го сметаат за број 1 во поглед на техниката и Dj вештините, а редовен гостин е на најдобрите забави во својата земја, Бугарија, Турција, Македонија, Белорусија и Русија.

Обезбеден паркинг за сите, а забавата започнува во 23:00 часот. Телефон за дополнителни информации и резервации ++38979230912.

Овој викенд, клуб Rebel е местото каде треба да бидете. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука