Забава ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Охриѓанецот Христијан Настески- Пајак и српската пејачка Теодора Џехверовиќ ја издадоа новата песна „Летна авантура“ (Видео)

Охрид, 11. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Како што најави неодамна, младиот и супер талентиран музичар од Охрид, 22-годишниот Христијан Настески- Пајак сними нова песна, овој пат во дует со познатата српска пејачка Теодора Џехверовиќ.

– После толку време подготовка на овој прекрасен проект, мило ми е што ќе слушнете една емотивна-љубовна песна, изработена со една прекрасна личност како што е Теодора Џехверовиќ, порача Пајак.

Теодора за новата песна напомена дека на сите нас помалку ни недостасува љубов, а тоа е она што со овој проект сакавле да ни го дадат.

Заедно со Mc Stojan во февруари годинава го Пајак го објави хитот „Мала моја“, откако претходно го издаде синглот „Хабиби“, во дует со Антониа Гиговска. Заедно со Лара Иванова ја надминаа и фантастичната бројка од над 10 милиони прегледи на одличната песна „Bella“.

Младиот trap артист со музика започна да се занимава уште од негова 6-годишна возраст, а талентот го наследил од неговиот татко кој е поранешен гитарист и љубител на рок музиката. Вели дека инспирација добива од други артисти, љубител е и на многу други стилови на музика, затоа што секоја музика си има своја тема, убавина и порака…

Повеќе за него на неговите профили на Facebook и Instagram. (Крај)

извор: reporter.mk/ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука