Избор Избори 2024 Струга ТОП ВЕСТИ

Стружанката Јована Мојсоска ќе биде носител на изборната листа во петтата Изборна единица за Левица

Скопје/Струга, 24. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Стружанката Јована Мојсоска ќе биде носителка на изборната листа во петтата Изборна единица за партијата Левица.

Мојсоска е дипломиран криминолог по финансиски криминал, генерален секретар на Левица и долгогодишен борец за социјална правда и заштита на животната средина и животните.

– Левица ги има вистинските носители на пратеничките листи во шестте изборни единици, кои се воедно и единствените, од севкупниот избор, кои немаат нанесена штета врз државата, потенцираат од партијата.

Носител во ИЕ 1 ќе биде Проф. д-р Димитар Апасиев, претседател на Левица, во двојкатас партискиот портпарол Амар Мециновиќ, во ИЕ 3 – Борислав Крмов, пратеник и член на Президумот на Левица, Сашко Јанчев, магистер по кривично право ќе биде носител во ИР+Е 4, додека во шестката на врвот на листата ќе биде Игор Димески, раководител на Сектор за енергетика и советник на Левица во Општина Центар.

– Еднаш засекогаш ќе се спротиставиме на политичките елити кои управуваат со нашите животи и ќе ја вратиме политиката моќ во рацете на работничката класа! Нашите носители и идни пратеници во Собранието на Република Македонија ќе бидат гласот на народот во Собранието, како што докажаа и нашите досегашни пратеници. Од нас сите зависи силата со која ќе спротиставиме и судбината која сами ќе ја создадеме. Никогаш повеќе да не владее над нас криминалот, корупцијата и профитот, потенцираат од Левица. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука