Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Нови методи од физикалната медицина и рехабилитација во болницата „Св. Еразмо“

Охрид, 22. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Oд ЈЗУ Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ од Охрид започнаа со примена на нови методи од доменот на физикалната медицина и рехабилитација.

– Во изминатиот период, нашата болница започна со применување на нови методи за подобрување на физикалната терапија и рехабилитација на пациентите. Еден од најновите и најефективните методи од доменот на физикалната медицина и рехабилитација е користењето на топли кади за спроведувањето на физикална терапија. Физиотерапевтите ги користат кадите за да им помогнат на пациентите со параплегија да ја зголемат својата флексибилност, да ја намалат мускулната затегнатост и да ги подобрат нивните функционални вештини, информираат од болницата.

Додаваат дека пациент хоспитализиран во болницата за физикална терапија и рехабилитација на спастична параплегија е само еден пример како иновативните техники го менуваат начинот на работа и ефективноста на физикалната терапија.

– Кај пациентот се спроведува широк спектар на третмани како што се Галванска терапија, Фарад терапија и подводна масажа во топла када. Честитки до нашиот тим физиотерапевти за усовршување и применување на оваа метода, која во иднина ќе им го подобри квалитетот на живот на многумина пациенти, потенцираат од ЈЗУ Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ од Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука