Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Охрид му оддаде должна почит на големиот револуционер Христо Узунов

Охрид, 24. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Делегација на Општина Охрид, предводена од градоначалникот, д-р Кирил Пецаков денеска положи свежо цвеќе пред спомен обележјето на големиот охридски револуционер Христо Узунов во Градскиот парк.

Цвеќе положија и здруженија на граѓани, претставници на институции и политички партии.

Во рамки на чествувањата по повод годишнината од херојската погибија на Христо Узунов, деновиве и ООУ „Христо Узунов“ го одбележа патрониот празник со богата културно уметничка програма.

На денешен ден во 1905 година, во кичевското село Цер, загина големиот македонски војвода Христо Узунов. На 24-ти април 1905 година Христо со својата чета од Крушево заминал за Кичевско, но во кичевското село Цер четата била опколена од многуброен турски аскер со артилерија. Бидејќи немале никаква помош, борците биле принудени или да се предадат или да се самоубијат. За да не им паднат живи в раце на Турците, тој и неговите 13 соборци последните куршуми ги истрелале во себе.

Христо Узунов е роден на 22-ри февруари 1878 година во Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука