Охрид во сабота ќе биде домаќин на финалето на боксерскиот Опен Балкан куп
Охрид, 6. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во сабота, на 11-ти мај 2024 година, Охрид ќе биде домаќин на финалето на боксерскиот Опен Балкан куп.
– На 11-ти мај, Охрид ќе биде домаќин на финалето на Опен Балкан купот и Меморијалниот боксерски турнир „Алексо Огненовски“, под покровителство на Боксерскиот сајуз на Србија и Општина Охрид, информираат од Боксерскиот клуб „Алексо Огненовски“ од Охрид.
Додаваат дека финалето ќе се одржи на атрактивна локација, во центарот на градот, покрај самото езеро. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |