Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Во недела Охрид домаќин на четвртиот Мастерс квиз

Охрид, 7. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во недела, 12-ти мај, во просториите на Касарна хаб во Охрид ќе се одржи четвртиот Мастерс квиз за оваа сезона, во организација на Македонската квиз асоцијација.

Автор на прашањата е Мартин Мајк Петрески, а квизот се состои од осум теми: култура, забава, историја, животен стил, медиуми, наука, спорт и свет.

– Секоја од осумте теми е застапена со по 25 прашања, односно вкупно 200 прашања поделени во два дела од по 100 прашања. Секој од двата дела се состои од по четири од горенаведените теми, а времето за решавање за секој од деловите е еден час, односно вкупното време за решавање на целиот квиз е два часа. За учество на Мастерсот потребно е да се пријавите преку нашата фејсбук страница или со пополнување на следниот формулар: https://forms.gle/mM7KyM6TnLK9W8KS7
Котизацијата за овој квиз изнесува 150 денари и истата можете да ја уплатите за време на одржување на Мастерсот, информираат организаторите.

Почетокот е во 11:00 часот, а повеќе информациии во врска со квизот, може да се добијат на Фејсбук страната на Македонската квиз асоцијација или на мејлот mka.mkd21@gmail.com. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука