Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Во Охрид приведено лице од кичевско Долно Страгомиште осомничено дека пуштило во оптек лажни евра

Охрид, 8. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 7-ми мај 2024 година, во 03:00 часот, во казино на булеварот „Туристичка“ во Охрид, лишено е од слобода 28-годишно лице од кичевското село Долно Страгомиште.

– Тој се сомничи дека во оптек пуштил лажни евра кои сакал да ги прикажи како вистинити, со што сторил кривично дело „фалсификување пари“, според член 268 од Кривичниот законик. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука