Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

АМСМ: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, поголем интензитет на сообраќај на „Богородица“ и „Табановце“

Охрид, 27. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, пo суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ).

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Се бележи поголем интензитет на сообраќај на Граничните премини „Богородица“ и „Табановце“. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево.

Сезонски режим на сообраќај:

Патниот правец Охрид-Ресен преку Националниот парк „Галичица“, од 1. април 2024 година е пуштен за сообраќај за сите видови возила со вкупна тежина до 3,5 тони.

Забрана за движење на тешки товарни возила:

Од 1. јули до 31-ви август на државните патишта во Република Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури. Термини: петок од 17:00 до 22:00 часот, сабота од 09:00 до 18:00 часот и недела од 09:00 до 22:00 часот.

На магистралниот пат А2 делница: Скопје-Охрид-Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали: петок од 15:00 до 22:00 часот, сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и недела од 07:00 до 22:00 часот.

Работи на пат во регионот:

На патниот правец Кичево-Охрид, поради градежни работи на повеќе делници, сообраќајот се одвива со девијации. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и затоа се препорачува строго почитување на истата и прилагодена брзина на движење.

Oд 24-ти октомври 2023 година се започна реконструкцијата на регионалниот пат 1301 (Охрид-Свети Наум). Сообраќајот ќе се одвива непречено и ќе биде регулиран со содветна сообраќајна сигнализација.

Корисни информации:

Сообраќајни прописи во Република Македонија
Патарини во Република Македонија
Видео камери
Информации за патување во странство
Патарини во Европа
Цени на горива (Крај)

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука