Избор Општина Дебрца Спорт ТОП ВЕСТИ

Утре почнува првиот турнир во мал фудбал „Св. Никола“ во Требеништа

Дебрца, 26. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Утре започнува турнирот во мал фудбал „Св. Никола“ во селото Требеништа, што годинава се организира првпат.

Организаторите за Супер радио и OhridPress информираат дека се пријавени 31 екипа, ќе се игра 5+1, а секоја екипа содржи од 6-12 играчи. Ќе се играат по три натпревари на ден.

Наградниот фонд е 185.000 денари. За прво место 100.000 денари, второ место 50.000, трето 30.000 и четврто место 5.000 денари.

Финалето е закажано за 22-ри мај.

Натпреварите ќе се играат во вечерните часови, во балон салата „Аминта III“ во селото Требеништа. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука